Секој разговор за онлајн продавница почнува со тоа како ќе изгледа и завршува, месеци подоцна, со некој што брои залиха во excel во дванаесет навечер. Дизајнот е важен. Помалку важен од шесте работи подолу.
Плаќања, во множина
Картички преку сериозен провајдер, и плаќање при достава. Во Северна Македонија и во регионот, да го исфрлите плаќањето при достава за да ја поедноставите изработката значи да исфрлите значаен процент нарачки. Изградете ги двете од почеток.
Залиха што знае за варијанти
Еден производ ретко е една работа. Тоа е број, боја, пакување. Ако системот чува залиха по производ наместо по варијанта, ќе продадете medium што го немате. Тоа е најчестата работа што ја поправам во продавници што ги преземам.
Admin panel што персоналот навистина ќе го користи
Ако додавањето производ бара петнаесет полиња и упатство, никој не додава производи и каталогот скапува. Административната страна ја заслужува истата дизајнерска грижа како излогот.
Брзина на среден телефон
Не на вашиот лаптоп со канцелариски wifi. На тригодишен Android со мобилен интернет, каков што држат повеќето ваши купувачи. Секоја секунда доцнење чини нарачки.
Мерење од првиот ден
Мора да знаете на кој чекор од checkout-от губите луѓе. Без тоа погодувате, а погодувањето во checkout е скапо погодување.
Еден излез
- Доменот е ваш, на ваше име, не на агенцијата.
- Имате пристап до хостингот и до сметките за плаќање.
- Податоците за производите се извезуваат во формат што го чита друг систем.
Продавница што не можете да ја напуштите не е платформа; тоа е заложништво со месечна претплата.
Shopify е многу добар одговор за доста фирми и ќе ви кажам кога е за вашата. Custom изработка си ја оправдува цената кога правилата на вашата фирма не се собираат во шаблон — големопродажни ценовници, сложени варијанти, тек на нарачка каков што нема никој друг.